Кирацовски: Притисоците од раководните лица во институциите врз вработените не запираат

Од:

„Притисоците од страна на раководните лица во институциите врз вработените и денес не запираат. Раководните лица вршат притисок врз вработените за присуство на протест пред Државната Изборна Комисија, со цел да протестираат и да извршат притисок врз работата и носењето на одлуки на истата.

Правото на протест е загарантирано со Устав, меѓутоа уште еднаш потсетуваме дека извршување на партиски и изборни активности во текот на  работното време во јавниот сектор е спротивно на член 38 од Законот за вработени во јавниот сектор, а вршењето на закана, оневозможување и спречување на утврдување или објавување на резултатите од гласањето е казниво согласно член 158 од Кривичниот законик.

Недозволиво е вработените во јавниот сектор да трпат притисоци и понижувања за партиски цели! Нема да дозволиме вработените да бидат маша во рацете на режимските слуги и да бидат предмет на потсмев. Токму поради тоа поднесуваме иницијатива до Државниот инспекторат за труд, Државниот  управен инспекторат  и Министерството за внатрешни работи за вонреден надзор на работата на следниве институции:

-Општина Карпош;

-ООУ ,,Невена Георгиева – Дуња” – Скопје;

-ЈСП Скопје;

-ЈП ,,Македонски шуми”  – Скопје;

-ЈП ,,Стрежево”  – Битола;

-ФОД Битола;

-Ученички дом ,,Мирка Гинева” – Битола;

-ЈЗУ Општа болница ,,Борка Талески” – Прилеп;

Секој оној кој на каков било начин ќе ја злоупотреби службената должност ќе одговара“, се вели во писменото соопштение на Александар Кирацовски, Дополнителен заменик на министер за информатичко општество и администрација.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Еве го документот, зошто новото задолжување го нема во ребалансот, дали ќе се прекрши законот

СДСМ со ново барање до Владата: Минималецот да скокне на 36.000 денари

СДСМ: Мицкоски може да ја менува статистиката, но долгот расте

(ВИДЕО) Фрчкоски: ДКСК да ја прошири истрагата за Андоновски со новата фирма „Нома солушнс“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Фрчкоски: Трансформирање на тендери од 1,5 милиони евра во министерството на Андоновски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Мицкоски брутално ја задолжува Македонија – 4 милијарди евра за само две години