Кирацовски: Побарав таткото на мојата сопруга да се повлече

Од:

Пратеникот и генерален секретар на СДСМ, Александар Кирацовски на социјалната мрежа Фејсбук објави дека побарал од таткото на неговата сопруга да се повлече од новиот ангажман како аналитичар.

„Ги следиме внимателно реакциите во јавноста и сериозно бараме решенија кои ќе гарантираат ист принцип за сите и морални чекори кои даваат додадена вредност.

Искрени сме во тоа. Никој не смее да биде привилегиран, а уште помалку дискриминиран, но чекори мора да се преземат.

Побарав таткото на мојата сопруга, Борис Поповски, да го повлече својот ангажман како алатничар и тој прифати. Иако можеби немам право на тоа, затоа што немам ниту поврзаност со неговите ангажмани во животот.

Од морални причини, таткото на мојата сопруга, кој беше ангажиран времено, на одреден период, преку Агенција за времени вработувања, го откажа својот ангажман во Фабриката за опрема и делови во Битола.

И покрај тоа што неговиот ангажман беше сосема легален, легитимен и неповрзан ниту со политика ниту со политичари.

Привилегии, партизација, непотизам, не се и нема да бидат вредност на СДСМ, не се и нема да бидат моја вредност, сосема спротивно.

Жалам што и Борис Поповски како и многу други наши и мои сограѓани беше дискриминиран од претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа време е зад нас.

Сега градиме поикавки врености, поинакво, правично и праведно општество кое создава шанса за сите“, напиша генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски на својот фејсбук профил.

За Кирацовск беше објавено дека освен неговиот дедо, вработени се и неговата баба, Мери Поповска во ДУД „Мирка Гинова“ и неговата сестра Марија Јосифовска во Централен регистар.

Антиокорупциската комисија најави дека отвора предмети за сите вработувања, а сегашните оставки и повлекувања доаѓаат по силниот притисок на јавноста но и најавата на премиерот Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он

ЗНАМ: Квази социјалдемократот Филипче е еден од најодговорните за состојбата во СДСМ

А1он