А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Кирацовски: Пендаровски води со 2,5 % пред Сиљановска

by А1он21/04/2019 - 21:29203
Share0

На пребројани повеќе од половина избирачки места консензуалниот кандидат за претседател Стево Пендаровски е во водство пред Гордана Сиљановска Давковка, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и колацијата и кандидатот на Беса и Алијанса за Албанците, Блерим Река. Пендаровски води со 2,5 отсто пред Сиљановска, соопшти Александар Кирацовски, шеф на изборниот штаб на СДСМ.

Следете a1on на Instagram Instagram

Според него, победата на Пендаровски во првиот круг е очекувана.

„Предноста на Стево Пендаровски ќе значи сигурна победа и во вториот изборен круг. Во вториот круг очекуваме граѓаните уште посилно да го поддржат напредокот и процесот што води напред. Нема да набројам каде води Стево Пендаровски, ова се избори за претседател на државата, не се локални избори и ВМРО-ДПМНЕ бадијала се храбрат, јасно е дека губат во првиот и дека ќе изгубат и во вториот круг“, рече Кирацовски.

Тој кажа дека нема да толкува поединечни географски резултати. „Ирелевантно е дали на едно место победил еден, а на друго друг кандидат, на крајот се собираат резултатите според кои во овој момент Стево Пендаровски води“, рече тој.

Следете a1on на Youtube YouTube

Кирацовски кажа и дека во медиа центарот ќе пристигнеле и претставници од ДУИ.

Габриела Димковиќ-Мишевска

izbori

Би можело да ве интересира

Јотова и Валчев водат со 2,7 процентни поени пред Ѓуров и Кандев

Горан Наумовски26/10/2026 - 09:0926/10/2026 - 10:34

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

Предраг Петровиќ24/10/2026 - 11:26

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:5818/10/2026 - 22:35

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:3018/10/2026 - 22:03

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:26

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ18/10/2026 - 21:1018/10/2026 - 22:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео