(ВИДЕО) Кирацовски: Лидерска средба прифатлива, но не и измени на законот за СЈО

Од:

Генералниот секретар на СДСМ и пратеник, Александар Кирацовски, на прес-конференција во Собранието информираше дека кандидатот за претседател Стево Пендаровски добил поддршка од 60 пратеници, а воедно е почната и постапка за собирање 100 000 потписи во месните канцеларии на ДИК.

Во однос на барањето на опозицијата за лидерска средба за СЈО,Кирацовски рече дека тие се отворени за средба, но може да прифатат договор само од технички аспект, суштински измени на законот не.

Според него, барањето на ВМРО-ДПМНЕ да предложат јавен обвинител е неприфатливо.

„Изборот на јавен обвинител е прецизиран уште во 2016 година, со изборната програма на СДСМ.Но, јавен обвинител да се бира од ова опозиција што го штити криминалот, нема да има”, рече Кирацовски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нема поголема минимална плата, доаѓаат „економски работници“

А1он

(ВИДЕО) Фрчкоски до ДПМНЕ: АКТ ви дише во врат, ќе ја ослободиме Македонија од вашиот криминал!

Горан Наумовски

СДСМ: Владата нема пари за бесплатен јавен превоз, филтри, еколошко греење, еколошки проекти и за итни интервенции

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС можете да најдете буквално сѐ што не може на друго место

СДСМ: ЕУ ја суспендирала ИПАРД 3 програмата поради корупцијата на ДПМНЕ

Горан Наумовски

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски