(ВИДЕО) Кирацовски: Главна цел беа Заев и Села

Од:

По претседателот на Собранието Талат Џафери и министерот Дамјан Манчевски, за настаните во законодавниот дом на 27 април лани, попладнево во Кривичниот суд сведочи пратеникот Александар Кирацовски, кој истакна дека по влегувањето на луѓето во Собранието настанал хаос и се слушале пцовки и погрдни зборови упатени кон нив.

– Толпата наликуваше на бесна орда која имаше за цел да убие некого. Не спаси само нашата присебност, обезбедувањето на Оливер Спасовски и Зоран Заев и Господ Бог, рече Кирацовски, одговарајќи на прашање на обвинетиот Дарко Јакимовски.

Тој рече дека луѓето правеле јамки од каблите од микрофоните обидувјаќи да уловат некои од пратениците. Според Кирацовски, главна цел биле Зоран Заев и Зијадин Села.

Претходно, Талат Џафери кој беше прв сведок за нападот врз пратеникот и лидер на Алијансата за Албанците Зијадин Села во Парламентот, во судницата препозна пет лица кои учествувале во насилствата во Парламентот на 27 април.

По Џафери, сведочеше министерот за информатичко општество и јавна администрација Дамјан Манчевски, кој истакна дека настаните почнале по завршувањето на прес-конференцијата за изборот на Џафери за претседател на Собранието.

Посочи дека слушнал кршење на стакло по ходниците и доаѓање на луѓе од кои некои со фантомки. Рече дека му бил удрен бокс и дека му бил скршен носот.

– Маваа по нас, некои со раце, некои со сталаци за камери, со столици, со компјутери. Тоа траеше два и пол часа. Села беше на крајната лева страна од групата пратеници кои бевме во ќошот од прес-центарот, кажа Манчевски.

Слушнале извици за закани, дел упатени конкретно за лица по име, а дел генерално за сите. Се слушало „убиј го Села, убиј го Заев, убиј ги предавниците“.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“