Кинескиот амабасадор во посета на Штип

Од:

Амбасадорот на Кина Вен Џеншун денеска имаше средба со штипскиот градоначалник, Илчо Захариев со цел градот Штип да се збратиме со град во Кина, но исто така посетата на амабасдорот е и одговор на писмото кое го испратил штипскиот градоначалник за медицинска помош на 24-годишниот штипјанец Иван Стојанов, на кој му се потребни 26.000 евра за операција Во Центарот за матични клетки Ву во Пекинг.

– Пред извесно време напишав едно писмо до неговата екселенција Џеншун со замолница да помогне на наше штипско дете кое боледува од тешка дегенеративна болест, каде што сите можности за негово лекување во Република Македонија беа исцрпени и побарав да се најде некое решение за да помогнеме. Бев трогнат колку било посветено внимание на моето писмо и денеска амбасадорот е наш гостин. Ќе најдеме заедничко решение во рамките на македонскиот здравствен систем со експерти кои ќе дојдат од Република Кина и со традиционални кинески лекови го лекуваме нашиот пациент, вели Захариев.

При денешната посета амбасадорот на Кина, Џеншун истакна дека одлична е соработката меѓу Македонија и Кина, а тоа се гледа и по проектите кои се реализираат.

– Нашата соработка ќе продолжи и понатаму, се надевам дека истата ќе продолжи, бидејќи веќе го градиме и автопатот Миладиновци-Штип и планираме во најскоро време да изградиме и кинески традиционален центар за лекување во Штип, вели Џеншун.

Кинескиот амабасадор истакна дека Штип, како центар на истокот е убав град, кој заслужува во иднина да го посетуваат и туристи од Кина.

Би можело да ве интересира

Пожар во куќа во центарот на Штип

МВР со детали за несреќата во Штип

Стабилна e состојба на работникот, кој се здоби со тешки повреди во лифт во штипски угостителски објект

Горан Наумовски

Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект во Штип

Со автомобил удрил во маса на која седела жена и нејзиното семејство, потоа настанала тепачка

Сообраќајка во Штип: Со автомобил удрил во три паркирани возила, а повредил и пешак

Горан Наумовски