(ВИДЕО) “Кинески автобуси”: Јанакиески и останатите признаа вина, Јанушев не разбра за што го гонат па рече дека е невин

Од:

Миле Јанакиески како ексминистер, Снежана Филиповска-Павлевска како претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка и Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата признаа вина дека ги прекршиле правилата за јавни набавки при избор на компамија која ги набави 202 двокатни автобуси за ЈСП.

Ова е епилогот од првото рочиште за овој предмет, каде обвинетите се произнесуваат за вина. Пред судот, за невин се изјасни само Игор Јанушев, актуелен пратеник кој исто така бил член на Комисијата која ја спроведувала набавката. За него, судската постапка ќе продолжи. Во случајот нема штета врз буџетот на Македонија.

„Го разбрав обвинението. Се чувствувам виновен”, рече Миле Јанакиески.

И Снежана Филиповска-Павлевска, претседателка на комисија за спроведување на јавна набавка, рече: “Се чувствувам виновна”.

Игор Јанушев, не го разбрал обвинителниот акт и рече: “Ако земеме во предвид дека една и друга фирма си го копирале дизајнот, не знам зошто сум јас овде и што е моја вина”.

По ова, судијата Осман Шабани праша што треба да направи судот за да Јанушев го разбере обвинението, па го препрочита обвинителниот акт.

“Ви го прочитав бидејќи не го разбравте”, рече Шабани и додаде: “Дали вака читаното обвинение го разбирате?”, а Јанушев кажа: “Да разбрав за што сум обвинет. Не се чувствувам за виновен”.

Јулијана Јанкуловска-Атанасова член на комисијата рече: “Да се чувствувам за виновна”.

Според Обвинението, сите обвинети ја фаворизирале кинеската фирма која ги набави автобусите за ЈСП, а таа, немала доставено банкарска гаранција и сертификат за квалитет како што се барало во тендерската документација. И покрај тоа што понуда на фирма од Бугарија била пониска, Комисијата го избрала економскиот оператор од Кина и му предложила на ексминистерот Миле Јанакиески да склучи договор со него. Сите обвинети се гонат за исто кривично дело – злоупотреба на службена положба и овластување.

Обвинението за овој предмет беше поднесено во јули минатата година, а набавката била правена во 2009 година.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична против Оливер Спасовски: Издавал документи за кои знаел дека ќе мора да се менуваат

Катерина Ѓуровски

Јанушев: Спасовски и Ковачевски се креатори на хаосот со личните карти и возачките дозволи

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Игор Јанушев и Сања Божиновска нови членови на Извршниот Комитет

Предраг Петровиќ

Јанушев: По седум години политички прогон, повторно сум слободен

Јанушев: Дали во СВР Скопје имало пријава пред пет дена дека убиецот е Палевски кој е поранешен функционер на СДСМ

Катерина Ѓуровски