Километарски колони за влез во Македонија на грчка граница

Од:

Километарски колони со автомобили чекаат за влез во Македонија на македонско-грчката граница. Продолжениот викенд предизвика гужва, па патниците чекаат во пет колони на грчкиот граничен премин.

Од АМСМ велат дека интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничниот премин Богородица, за влез во државата, има чекање околу 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Според новите проколи за влез во Грција не е потребен сертификат за примена ковид вакцина, или за прележан Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава