Километарски колони од возила се заглавени на патот Стража – Гостивар, по завршувањето на викендот, кој голем број граѓани го поминаа во Охрид или Маврово.
Скопје викендов беше празно и личеше како да е воведен полициски час. Празни улици и кафулиња се лицето на Скопје речиси секој викенд од почетокот на летото.
Сега „викендашите“ се враќаат во Скопје, но очигледно тоа ќе трае подолго, бидејќи, како што велат, по 5 минути се стои во место, а потоа колоната бавно се придвижува, и така постојано.
Дел од граѓаните кои ги избегнуваат летните горештини покрај езеро или на планина се придржуваат до мерките за заштита од коронавирусот, но многу често на социјалните мрежи можат да се видат гужви и групирања, без да се почитува потребната дистанца.
Со оглед на тоа што без ПЦР тест македонските граѓани можат да одат само во Албанија и во Турција, годинава Охрид е буквално колабиран од домашни туристи.