Километарски колони на патарината кај Градско

Од:

Гужва од возила и нервозни патници во километарски колони синоќа на патарината Отовица на автопатот Гевгелија – Скопје. Огромен број возила со часови чекаат да ја поминат наплатната рампа. Навалицата започнала доцна вечерва и најчесто се туристи кои се враќаат од Грција, па има српски, турски, чешки, полски но и возила со домашни регистрации. Гневни се бидејќи истата состојба ја затекнале и на граничниот премин Богородица, пренесе порталот Дума.

Од патарината рекоа дека состојбата била иста како и претходната вечер кога фрекфенцијата на возила била огромна по автопат а траела се до еден часот по полноќ.

Се претпоставува дека најголем дел од возилата се на гастербајтери од Турција кои наместо преку Бугарија за да стигнат во западно европските земји одлучија да патуваат низ Македонија. Има информации дека медиумите во Турција објавиле за големи гужви и хаос на граничните премини со Бугарија како и на автопатот покрај Софија. Од Грција дома се враќаа и голем број на Срби.

Би можело да ве интересира

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози