Н.Б.(33) од тетовското село Боговиње пријавил дека неговиот дедо А.А.(52) од Жеровјане е киднапиран, откако претходно бил пријавен за исчезнат, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.
– Нa телефонот на пријавителот стигнале СМС-пораки од засега непознати лица дека А.А. и неговото возило наводно се задржани кај нив во Струга и оти нема да го пуштат, односно вратат возилото додека не им дадат 4.000 евра. Притоа му рекле дека A.A. повторно ќе им должи уште 4000 евра, рече Јосифовски.
Тој посочи дека полицијата презема мерки и активности за целосно расветлување на сите поединости поврзани со пријавеното грабнување односно кој, како, дали и зошто го извршил.