Кичевски: Нашата визија е Живот во чист и незагаден Центар за сите!

Од:

„Жителите на Центар заслужуваат позелена и почиста општина. Нечистотијата и негрижата за животната средина е проблем кој ги мачи сите жители на Скопје. Локалните самоуправи се должни, во соработка со другите наделжни институции да прават многу повеќе за намалување на загадувањето и зголемување на нивото на хигиена.

Токму ова е една од приоритетните цели во програмата на кандидатот за градоначалник Саша Богдановиќ и кандидатите за советници во општина Центар од коалицијата предводена од СДСМ.

Предвидени се неколку клучни проекти преку чија реализација ќе ја оствариме оваа цел и ќе помогнеме, се разбира во соработка со сите жители, нашата општина да стане
подобро и почисто место за живеење.

Дозволете да прочитам дел од нив:

1) Ќе се продолжи со зазеленување на сите слободни површини што
може да бидат „маалски“ паркови, а воедно ќе се постават и автоматски системи занаводнување. Како конкретна мерка во поглед на зазеленувањето на слободните површини ќе се извршии целосно реновирање на Урбан парк, кој е целосно запуштен.

2) Сите дворови на јавните објекти ќе бидатзазеленети, особено оние каде се најмладите.

3) Во Центар има серизен недостиг на канти за отпадоци. Нашиот план е ова веднаш да се промени со поставување нови канти за отпадоци на сите локации на кои е потребно. Центар мора да почне да го селектира отпадот. За таа цел, ќе бидат поставени контејнери за сортирање на отпадот, за рециклирање на различни облици наотпадоци, како и т.н. „хуманитарни“ контејнери, каде што граѓаните ќе може да гиоставаат старата облека и чевли.

4) Ќе се формираат комунални патроли односно еден вид комунална полиција на територијата на општина Центар. Планот е во првата фазатие да ги пријавуваат комуналните проблеми на надлежните лица во општината, а во втората фаза да имаат можност и за изрекување казни на прекршителите, во согласност со правилник кој ќе биде изработен за оваа намена.

На крајот од оваа прес конференција сакам да ви го претставам нашиот капитален проект кој ќе придонесе за значително подобрување на квалитетот на воздухот во општината. Станува збор за поставување на т.н. Кула за прочистување воздух. Тоа е еден од најреволуционерните патенти за борба против загадувањето на воздухот. Искуствата говорат дека таа придонесува за намалување на загадувањето за неверојатни 70-75 проценти. Кулата, која е висока околу седум метри, ќе биде поставена на соодветно избрана локација во Центар.

Нашата визија е Живот во чист и незагаден Центар за сите!“, изјави кандидатот за советник во Советот на општина Центар, Васко Кичевски.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ