Ноќта кон вторникот, околу 3 часот по полноќ, по тепачка меѓу кичевчани и двајца жители од селото Подвис, при што вторите биле избодени со нож, јави МВР.
Имено,на улицата „Индустриска”, во кафеаната „Кај Гинга”, избувнала тепачка меѓу Ф.М.(30), Ф.М.(42) и У.Б.(32), сите од Кичево од една страна и од друга страна С.П.(43) и Ѓ.В.(25), двајцата од кичевското село Подвис.
Во тепачката кичевчаните им нанеле убодни рани со нож на С.П. и Ѓ.В. во пределот на стомакот и грбот.
Поради сериозноста на повредите, С.П. и Ѓ.В. се пренесени во Ургентниот центар Скопје и задржани за натамошно лекување.
Извршен е увид на местото на настанот, а Ф.М., Ф.М. и У.Б. се приведени во Полициската станица Кичево за целосно расчистување на случајот