„Кибилт“ продолжува со изградбата на платформите во Штип

Од:

По двете одржани средби на новоизбраниот градоначалник на Штип, Илчо Захариев, и бугарската фирма „Кибилт“,се утврдија над 90 % од  условите и начинот за продолжување со  реализацијата на проектот Уредување на централното градско подрачје во Штип, за кој Општина Штип, со посредство на Министерството за финансии, зеде кредит од Светската банка во висина од 2.000.000 евра.

Захариев истакна дека одговорност за доцнење на проектот има од двете страни, но ова не смее да биде причина  поради која Штип  ќе го доведе во ситуација да не може да ги реализира  започнатите  проекти за кои Општината средства од реномирана светска институција, а и дека несмее да се изгуби реномето и угледот на бугарската фирма „Кибилт“stip-proekt-april (1)Со новиот договор што е постигнат меѓу Општина Штип и бугарската фирма „Кибилт“, наместо изградбата на платформите да оди една по една, договорено е најпрвин да се постават темелите и потпорните столбови  на сите пет предвидени платформи, а потоа да се поставуваат горните слоеви и асфалтот.  Во новиот договор, сепак, задржан е крајниот рок за завршување на овој проект,  кој првичнобеше договорено да биде до крајот на оваа година.

stip-proekt-april (2)

Во однос на неисплатените средства кон бугарската фирма „Кибилт“ во висина од 25.000 евра за досегашниот ангажман, Захариев истакна дека во наредните десетина дена ќе оствари контакт со претставници на Светската банка со цел овие средства да бидат исплатени и да се продолжи со понатамошните активности.

„Ова е едно големо искуство за мене и поука што не смееме да правиме во иднина како град. Но, сепак, се фативме на орото и оваа работа ќе ја довршиме.  Ова е еден вид и порака до граѓаните: Ако сакате да направите нешто, треба добро да се организира, да бидете подготвени и да предвидите сè, а дури потоа да започнете“, изјави Захариев за медиумите.

 

Би можело да ве интересира

Продолжен притворот за родителот, кој физички нападна двајца малолетни фудбалери на штипскиот стадион Бело Брдо

Во штипско Ново Село одбележани 101 година од убиството на Тодор Александров

Костова со осуда на инцидентот во Штип: Бебзедноста крахира, Тошковски да си даде оставка!

Уапсени тројца штипјани, криеле автоматски пушки и муниција

Горан Наумовски

65-годишна штипјанка со нож го ранила шест години постариот сопруг

Горан Наумовски

54-годишен штипјанец со нож си ја убил мајката

Горан Наумовски