КХВ ја прекина постапката за Макпетрол, дали институциите се сомневаат во криминал?

Од:

Комисијата за хартии од вредност на денешната седница донесе заклучок за прекинување на поведената постапка по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.

– Постапката е прекината заради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган. Заклучокот е врз основа на член 1 став 2 од Законот за презeмање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка. Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение неможе да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање.
Постапката по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на “Макпетрол” АД Скопје, поднесено од страна на “Balkan Petroleum Holding Limited”, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија ќе ja продолжи по решавање на претходното прашање од страна на надлежниот државен орган, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Соработка на „Макпетрол“ и МОН – нов прирачник против врсничко насилство за училиштата

Горан Наумовски

Работилница на „Макпетрол“ за родители против врсничко насилство утре ќе се одржи во Куманово

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Макпетрол“: потребно е заедно да кренеме глас против булингот

Донација од „Макпетрол“ за основните училишта во општина Центар

Ана Ололовска