(ВИДЕО) Кежаровски: Не ме пуштаа на стоматолог, доаѓаа дома без снимка ми вадеа заби

Од:

За време на алтернативното предавање за слободата на медиумите на правниот факултет, новинарот Томислав Кежаровски пред студентите извади необјавени докази за судијката која ја има и во прислушуваните разговори кои ги објави опозицијата, каде се гледа како таа станала судијка. Тој нагласи дека во доказот кој го има, судијката, или тогашна адвокатка Татјана Михајлова пишува за тоа кои судии се црвено, а кои сино обоени.

– Сега немам каде да ги објавам материјалите, ќе ги чувам, нека стојат. На крајот на краиштата сигурно јавноста нема да ја лишам од тоа еден ден да ги види. За дел од тоа веќе слушнавме во телефонските разговори, а ова е само еден доказ како може да се напредува во кариерата, рече Кежаровски.

Кежаровски додава дека недозволувањето на Љубе Бошковски за последен пат да се види со својата мајка е ѕверско, а со слични такви опструкции се соочил и тој самиот.

„По ѕверско нешто немам слушнато. Значи да не дозволите да се прости од родител е одлика на ѕверство на ништо друго. Не ме изненадува тоа. И јас се соочив со една таква работа. Додека бев во куќен притвор во два три наврати беше побарано да одам на стоматолог, не дозволија. Мораше да доаѓа кај мене дома и во домашни услови без ниту една снимка да ми вади заби, кажува Кежаровски.

Тој во судството гледа мали отстапки, но не може да биде целосно сигурен дека тоа се должи на „бомбите“ на опозицијата, но се надева дека истите ќе придонесат кон правичноста во судството.

„Во моментов не знам што да речам. Би сакал да видам промени меѓутоа, има извесни отстапувања, а дали тоа се должи на бомбите со сигурност не можам да речам. Се надевам дека тие условно наречени бомби ќе допринесат околу правична одлука во постапките“.

Тој додава дека сега за сега не можел да се посвети на случајот за сообраќајката на новинарот Младенов поради здравствената состојба, но доколку добие нови докази, повеќе од сигурно е дека ќе ги објави.

Тој нагласува дека медиумскиот простор во Македонија не е независен и дека за жал, новинарството станува трговија на отров на големо.

– Неретко има напади и притисоци врз новинарите, критичкото перо е доста отапено, а голем број на новинарите се полтрони на актуелната власт. Од авион се гледа дека не се независни, сакаат да бидат се поблиски до Груевски. Медиумите и новинарите лажат во голема мера, свесно и тенденциозно се повеќе. Тие се приближуваат до партијата која им носи пари, не служат на народот, вели Кежаровски.

Според него, секаде во светот се мотивира слободата на изразување, а кај нас се мотивира слободата на молчењето.

Голем дел од нашите новинари имаат една реченица, „Ќе појдам до партија да го слушнам своето мислење“. Во 2008 година бевме на 25 место од 270 држави за слобода на изразување, не бевме задоволни, сакавме да бидеме како скандинавските земји. Во 2014 година се најдовме на 125 место, истакна Кежаровски.

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ