Кежаровски преместен во помала ќелија

Од:

Новинарот Томислав Кeжаровски од пред неколку дена е преместен во друга ќелија, јави телевизија „Телма“.

Неговиот адвокат Филип Медарски за телевизијата потврдил дека новата просторија не само што е помала од претходната, туку има и многу полоши услови.

Поради најновата ситуација загриженост изрази неговата сопруга Марина Кежаровска, според која , неадекватните услови во затворот уште повеќе ќе ја влошат нарушената здравествена состојба на Кежаровски.

– Прима терапија, денеска го видов и тој не е во добра состојба. Не се жали затоа што се обидува да не ме загрижува, вели Кежаровска.

Судот веќе четврти месец му го продолжува притворот на Томислав Кежаровски Судењето продолжува утре со распит на преостанатите сведоци. Според најавите може да се премине на завршните зборови , а следната недела да биде изречена пресудата.
Full article

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ