Кежаровска: Крвавиве солзи што ги леам да не ви дадат мир

Од:

Сопругата на новинарот Томислав Кежаровски, реагира на одлуката да биде продолжен неговиот притвор за уште 30 дена. Марина Кежаровска на својот фејсбук профил пишува:

Вие обвинители што и понатака му го продолжувате притворот на Томче, крвавиве солзи од моето дете и од мене што ги лееме да не ви дадат мир и спокој во вашиот живот!!!

Умревте цело семејство на правдина. Сега ќе ви посакам мирно да јадете, пиете, спиете, иако некој внатрешен глас ми зборува дека не сте така спокојни!

Малку ви беше што го апсевте како да е најголем криминалец, па уште му продолжувате притвори. Не, нема да можете да побегнете од нашиве солзи, не, нема да може да избегате од Божјата казна…

БОРБАТА Е ЈАСНА… САКААТ ДА ГО УНИШТАТ ТАМУ!!! И ОНАКА УШТЕ КОГА БИЛ ПОВИКАН ВО ОБВИНИТЕЛСТВОТО МУ БИЛО КАЖАНО ОДНАПРЕД ДЕКА ЌЕ СКАПУВА ПО ЗАТВОРИ, ЗНАЧИ ТОМЧЕ БИЛ ОСУДЕН УШТЕ ПРЕД ДА БИДЕ ЗАТВОРЕН.

Screenshot_4

Би можело да ве интересира

На Кежаровски нема да му се суди во „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежо на роденденот повторно на обвинителна клупа за „Ликвидација“

Васко Маглешов

Кежаровски најави нова книга, продолжение на „Живот во кутија“

Ана Ололовска

ФОТО: Домот на Томислав Кежаровски ограбен за новогодишната ноќ

Ана Ололовска

„Живот во кутија“ – прва книга на новинарот Томислав Кежаровски

Ана Ололовска

Кежаровски: Владимир Талески сега не може да избега или да влијае на сведоци?

Емир Латифовиќ