А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Кетрин Ештон денеска во Скопје

by А1он16/04/2013 - 08:1216/04/2013 - 14:25165
Share0

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон попладне ќе пристигне во посета на Република Македонија во рамки на нејзината турнеја низ земјите од Западен Балкан.

Добивај вести на вибер

Посетата на Ештон се совпаѓа со презентирањето на пролетниот извештај за Македонија од страна на еврокомесарот Штефан Филе пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни. Се очекува, таа во Скопје да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ Али Ахмети и со претседателот на опозициската СДСМ Бранко Црвенковски.

Делегацијата на ЕУ во Скопје информира дека Ештон во 19:15 часот ќе има прес-конференција во ЕУ Инфо центарот. Други детали за разговорите во Скопје не се соопштуваат.

На веб страницата на ЕК спроти турнејата низ регионот првиот дипломат на ЕУ најави дека целта на посетата е интензивиеање на процесот на евроинтеграција за земјите-аспиранти за членство во Унијата од регионот.

– Патувам во Западен Балкан за да го засилам ангажманот на ЕУ за европските перспективи на земјите од регионот. Ќе ги охрабрам лидерите во регионот да продолжат со процесот на реформи и промоворањето на добросоедските односи, вели Ештон во изјавата по повод дипломатските активности.

Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски минатата недела истакна дека посетата на Ештон е дел од редовната комуникација со Европската комисија и нема дирекна поврзаност со прашањето за името и последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

– Се работи за нормална комуникација со ЕК по завршувањето на последниот пристапен дијалог на високо ниво. Ештон е фокусирана на дијалогот меѓу Белград и Приштина, но не мислам дека има корелација во однос на континуираниот процес кој го водиме во ОН за решавање на спорот со Грција, рече Попоски.

Инаку, Попоски на покана на генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, во Стразбур ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

Кетрин Ештон, според најавата од ЕК,  ќе ги посети и Подгорица и Тирана. Други станици за време на посетата на Западен Балкан на Ештон ќе бидат објавени подоцна за време на самата турнеја, се наведува на веб страницата на ЕК.

eu

Би можело да ве интересира

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Горан Наумовски31/03/2026 - 21:23

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он28/03/2026 - 09:21

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Горан Наумовски27/03/2026 - 08:35

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски27/03/2026 - 07:4627/03/2026 - 07:46

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини

Горан Наумовски23/03/2026 - 08:42

ЕУ: Ќе најдеме начин да ѝ обезбедиме кредит на Украина и покрај противењето на Унгарија

Горан Наумовски20/03/2026 - 14:09
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто