Кермес за солидарност со Турција во скопската Стара чаршија

Од:

Во старата скопска чаршија, пред Муратпашина џамија, денеска се одржува кермес или хуманитарен базар за солидарност со Турција. Сите приходи од кермесот ќе бидат донирани за настраданите од земјотресот што на 6 февруари го погоди пограничниот регион на јигоисточна Турција.

Претставничката на организаторите на настанот Лејла Шериф Емин за МИА изјави дека се одлучиле да продаваат храна подготвена од нивните раце со цел да приберат финансиски средстава, бидејќи сметаат оти на погодените од земјотресот во Турција повеќе ќе им се најдат пари „за да си купат што им треба, отколку да добијат материјална помош која можеби не им е потребна“.

Таа ги повика сите граѓани да дојдат и да ги пробаат вкусните слатки, топлата чорба и останатата храна зготвена со многу љубов и со тоа да им помогнат на погодените од земјотресот.

На кермесот може да дојдат и љубителите на пишаниот збор и да се подноват со нова книга.

Настанот е во организација на Друштвото за култура, уметност и образование „Копру – Мост“.

Предвидено е кермесот да трае три дена, од 11 до 16 часот, по што собраните средств во петок ќе бидат испратени во Турција.

Би можело да ве интересира

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пречек на Армијата која учествуваше во спасувачката мисија во Турција

Горан Наумовски

Нов силен земјотрес во Турција

Горан Наумовски

Собрани 27.909.130 денари за настраданото население погодено од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија

Битолските спасители се вратија од настраданите подрачја во Турција

Ана Ололовска

Црвениот крст ја испрати првата пратка со хуманитарна помош за Турција и Сирија

Ана Ололовска