Кекеновски: На списокот се луѓе кои направија бизнис од образованието, луѓе кои го девалвираа високото образование

Од:

Универзитетскиот професор, Јове Кекеновски, реагираше на својот фејсбук профил, по вчерашното формирање на Граѓанската иницијатива за поддршка на знаењето во високото образование.

kekenovskiStatus

ГРАЃАНСКА ИНИЦИЈАТИВА ЗА ПОДДРШКА НА ЗНАЕЊЕТО ВО ВИСОКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Не можеа иницијаторите на ова ,,Граѓанска иницијатива да направат поголема глупост и поголема девалвација на истата.
Прочитајте ја точка број 6: ,,Со оваа иницијатива велиме „НЕ“ за бизнис интересите, профитерите и манипулациите во високото образование. Велиме гласно „НЕ“ за купените дипломи; „НЕ“ за оценките со протекции; „НЕ“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите………

А на списокот потпишани или ставени се луѓе кои направија бизнис од образованието, луѓе кои го девалвираа високото образование, луѓе кои за одредена сума на пари доделуваат дипломи, луѓе кои на сомнителен начин се здобиле со тутула доктор на науки, а на уште посомнителен начин со наставно звање. Па јавна тајна е дека кај некои од потписниците на иницијативата преку ноќ се запишуваат нови студенти, а веќе утредента на истите им издаваат дипломи. Јавна тајна е дека со дипломи се здобиле студенти кои воопшти и не знаат каде се наоѓа факултетот од кој ја ,,стекнале” дипломата. И истите тие сега биле против бизнис интересите, против профитерите и манипулациите во образованието. Истите тие сега гласно велат „НЕ“ за купените дипломи; „НЕ“ за оценките со протекции; „НЕ“ за нелојалната конкуренција во и меѓу факултетите и универзитетите……
Алоооооо бреееее дали сте свесни што правите и до кај стигна ова лудило. Се обидувате народот да го направите малоумен и со кратко паметење. Брука невидена и врвен цинизам.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Инцидент пред српското собрание, пратеничка извади нож на студентите

ВИДЕО: Студентите го кршат предизборниот молк во Косјериќ, хаос и во Заечар

Вучиќ: Државата нема да толерира насилство, ќе одговараат сите што учествуваа во линчот

(ВИДЕО) Нападнат е Милош Павловиќ, претставник на студентите кои сакаат да учат

Горан Наумовски

Јаневска: Нашите студенти кои студираат во странство, генерално, не се враќаат во државата

Рубио: САД ќе ги поништуваат визите за кинеските студенти