Кекеновски: Колеги што сакаме?

Од:

Согласно усвоените критериуми за предлагање и избор на ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола, крајниот рок за предлагање кандидати за ректор е 30 април 2015 год. Во однос на потенцијалните кандидати за ректор јавно до колегите и останатите членови на Наставно-научните совети на единиците на универзитетот ги поставувам следниве прашања?

Дали е етички и професионално, кандидати за ректор да бидат предлагани декани на единиците на универзитетот чиј мандат е штотуку започнат?

Дали е етички, кандидати за ректор да бидат колеги кои застанаа во одбрана на неуставните измени и дополни на Законот за високото образование предложени од Владата на Р. Македонија, а кои потоа експресно беа повлечени од нејзина страна?!.

Дали е етички кандидати за ректор да бидат колеги кои го поддржаа проблематизирањето на виското образование во државата, а со тоа и ја нарушија автономијата на Универзитетот?

Дали е етички кандидати за ректор да бидат предлагани досегашните проректори кои досега учествуваа во раководењето на Универзитетот а кои се заслужни за нашето петто место на листата на универзитети во државата?

Колеги професори и студенти, сакаме ли респектабилен универзитет на чие чело ќе биде ректор кој ќе се заложи за целосна и автентична реализација на визијата и мисијата на универзитетот и враќање на препознатливоста, позицијата и статусот кој го имаше нашиот универзитет во минатото. или и понатаму ќе се расправаме со ректори кои ќе имаат наменска употреба?!.

Би можело да ве интересира

Државната матура да се реформира и адаптира на образованието на иднината, но приемниот испит на факултетите е неопходен за валозирање на квалитетот и нивото на знаење на ученикот

Владата го одобри Договорот за признавање на високообразовните квалификации во Западен Балкан

Факултетите денеска почнуваат со настава

Катерина Ѓуровски

Официјално отворање на „Јунус – Центар за социјални бизниси“

Ана Ололовска

Прв академски час на факултетите

Ана Ололовска

Факултетите на УКИМ ќе објават ранг-листи на пријавени кандидати според успехот во средно образование

Ана Ололовска