Кекеновски: Антигруевистите со мали ножиња ме нарекуваа предавник кога јас го напаѓав и разголував Груевски

Од:

„Ф. Петровски, А. Милошоски, И. Димовски, Т. Вељановски и останати до вчера заљубеници во Груевски и груевизмот кои преку ноќ станаа антигруевисти со мали ножиња во рацете (како што би рекол нивниот довчерашен идол и лидер).

Ех мои дечки и некогаш, надежни патриоти, сега избањати „мачиња“!

Додека јас 4-5 години говорев и пишував за автократизам, за немање демократски капацитет и демократски вредности во партијата, Вие на два дена пред нелегалниот Конгрес полугласно се осмеливте да го кажете истото. Аферим, ашколсун…. Подобро некогаш отколку никогаш.

Додека јас го напаѓав, поточно „разголував“ Груевски, сите Вие очи ќе ми извадевте дури и предавник ме нарекувавте. Од устите пена ви излегуваше за да го одбраните неодбранливото, и уште повеќе и подлабоко да му се потпикнете под кожата (а некои и подлабоко во дебелото црево)

Додека јас зборував и пишував за криминал и сторени зла, Вие браневте, негиравте и поддржувавте нечесни дејанија. Дел од Вас станавте соучесници, а дел и директни реализатори на криминалот и сторените зла.

Додека јас велев дека слепец ги води слепците, Вие зборувавте не му верувајте на Кекеновски, лаже и измислува зошто не го избравме на Конвенцијата за кандидат претседател.

Додека јас и соистомислениците формиравме здруженија на граѓани за демократизација на партијата, Вие ме етикетиравте за фракционер, нестатурано ме исклучивте и се радувавте на моето исклучување. Демек сте се оттарасиле од мене. Непослушникот.

Ви сметаше ФРОДЕМ како демократско здружение на граѓани, а дел од Вас учествуваа во формирање и поддржување на парамилитатни здруженија за Ваш и спас на Вашиот лидер. За да набрзо искрените патриоти ги фрлите на буништетото и се откажете од нив, исто онака како што сега се откажаа од Вас.

Додека сите слушнавме и видовме како сте владееле, Вие по умот на Груевски за да му удоволите велевте и како папагали повторувавте: сечени, лепени, креирани и монтирани. Не се срамевте од јавноста, затоа што знаевте дека и Вие односно Вашиот глас е снимен таму некаде со неговиот, во некоја монструозна местенка или криминален случај.

Додека јас говорев за клиентелизам и сервилност, и за Вас како амали на туѓиот срам, Вие гревчиња молчевте и служевте, зошто постојано по разни основи Ви се полнеа џебовите и си ги реализиравте сите замислени интереси. Прекрасно ви одеше сé.

Додека јас ја кажував вистината и се борев за правда, дел од Вас учествуваше во мое сатанизирање и обиди за казнување. Не можевте по мене, па удривте по моето семејство (сопругата, децата и роднините). Се обидувавте на секој начин да ми се осветите. Дел ви успеа, дел не. Ова досега никогаш и никаде не го кажав. Трпев зошто знаев дека вистината и правдата ќе излезе на површина, кога, тогаш.

И на Конгресот во Куманово имавте само еден кандидат, ама тогаш мед и млеко ви течеше од устата. Да можевте и со двете нозе, тогаш, ќе гласавте за омилениот ви лидер! Ама тогаш добар ви беше есапот, оној личниот. Сега ви се пореметија сметките.

Затоа дечки, дај не се брукајте и понатаму. Извинете им се јавно на сите граѓани на Република Македонија и направете покајание. Дајте чесен „пинерски” збор дека повеќе нема така да се однесувате. Испразнете ги џебовите, вратете ги не алал заработените пари на граѓаните, дури потоа слободно дојдете сите заедно да го срушиме ова дупло и невидено зло.

Се друго ви е џабе. Многу сте грешни, за да сега се исперете преку килави јавни обраќања, преку некои (повторно) задкулисни игри и пазарења или на било каков друг начин. А и ножињата ви се мали и тапи. Ова што Ви го нудам е единствениот пат доколку за последен пат (иако дел од Вас и за прв пат) и мислите добро на државата и партијата“ се вели во обраќањето на Јове Кекеновски.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Сплотени, сите заедно од Шуто Оризари порачуваме дека на 24 април победува Силјановска Давкова

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски ниту еднаш не го нападна, ниту искритикува ДУИ, тие се сијамски близнаци

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски е извор на говор на омраза, тој се смееше и аплаудираше додека активист на СДС ја навредуваше Силјановска

Мисајловски: Куманово има преубава позитивна енергија која води до Силјановска Давкова

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Криминалот на СДС и ДУИ носи негативни извештаи, Фридом хаус констатира назадување во борбата со корупцијата и влијанија во судството

Горан Наумовски