Казни за фирмите-загадувачи во Струмица

Од:

Инспекциските служби во Струмица кај повеќе фирми откриле прекршувања на законската регулатива за заштита на животната средина. Дел од струмичките стопанските субејекти користеле недозволени енергенси за огрев кои придонесувале за зголемување на аерозагадувањето и против нив се поведени управни-инспекциски постапки.

„Овластените инспектори, согласно нивните надлежности од законот на животна средина и закон за управување со отпадот, како и законот за јавна чистота, спроведува повеќе инспекциски контроли, при што кај неколку субјекти се констатирани неправилности при користење на недозволени енергенси за огрев кое придонесува за зголемено аерозагадување и загрозување на животната средина. Согласно споменатите закони, против овие субјекти се поведени управно инспекциски постапки“, изјави за медиумите секретарот на општината, Александар Оџаков.

Инспекциските контроли ќе продолжат и следната недела. Освен правните субјекти ќе се контролираат и домаќинствата кои се под сомневање дека користат иверица за загревање. За време на Божик, Струмица според мерната станица на министерството за животна средина поставена во струмичката болница беше најзагаден град. Беа измерени концентрации 15 пати повеќе од дозволеното. Од Министерството информираа декастанува збор за пробни мереа и дека резултатите не се веродостојни.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он

Пожар на депонијата кај Струмица, пожарникарите апелираат до граѓаните да останат смирени

Прегазена е жена во Струмица, заврши во болница

А1он

Невремето во Струмичко предизвика неколку пожари и штети на посевите