Казни за 86 возачи за пребрзо возење во полошкиот регион

Од:

Во текот на денешниот ден полицајците во полошкиот регион изрекле 86 казни во рамки на засилената акциска контрола при проверката со колква брзина се управуваат возилата. За движење со возило со брзина поголема од препишаната 54 санкции се изречени на територија на Тетово, а 32 на територија на Гостивар.

– Од вкупно санкционирани 86 возачи, 22 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а двајца со дури над 70 километри на час над дозволеното. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, изјави портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава