Казни за 38 возачи кои во Велес возеле со брзина над дозволената

Од:

На подрачјето на СВР Велес вчера од 8 до 20 часот била спроведена засилена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната, при што било констатирано дека 38 возачи ја пречекориле дозволената брзина.

Како што информира портпаролот Верољуб Додевски, од санкционираните, 27 се надвор од населено место и 11 во населено место.

-При контролите било утврдено дека еден возач ја пречекорил брзината за над 70 километри на час повеќе од пропишаната. Против прекршителите се превземени соодветни санкции, појасни Додевски.

Би можело да ве интересира

Се вршат претреси за измамите на граѓани со „кубански вакцини“ – осомничениот е во болница

А1он

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба