Казни за 3 угостителски објекти за непочитување на Законот за заштита од пушење

Од:

Три угостителски објекти не ги почитувале законите за заштита од пушење и за угостителска дејност, утврдил Државниот пазарен инспекторат при контрола на 41 објект спроведена од 24 до 29 овој месец.

За констатираните недостатоци се преземени соодветни законски мерки и се издадени платни налози во вредност 2.000 евра за правно лице и 500 евра за одговорно лице во правно лице.

Инспекторите контролирале дали се пуши во угостителски објекти и на терасите на објектите. Опфатени се локациите: Кеј 13 ноември, Општина Центар, ТЦ Лептокарија, Општина Карпош, ул „Македонија“, Општина Центар, Општина Аеродром и Општина Кисела Вода.

Активностите на Државниот пазарен инспекторат за контрола на угостителските објекти ќе продолжат да се спроведуваат на територијата на градот Скопје и во наредниот временски период согласно Законот за заштита од пушењето и Законот за угостителска дејност со акцент на почитување на работното време и почитување на забраната за пушење, се вели во соопштението од  Државниот  пазарен инспекторат.

Би можело да ве интересира

Илјадници активни даночни обврзници вршат дејност и остваруваат промет без фискален уред, УЈП најавува контроли

„Крај на пушењето?“: Европа треба да избере иновации наместо рестрикции

Научници ѝ се спротивставија на ЕУ: „Не ги мешајте цигарите со алтернативните производи“

УЈП: Се оди со сеопфатни мерки за да се спречат неправилности во евидентирањето на готовинскиот промет

А1он

Различни модели во борбата против пушењето: од алтернативи до забрани

УЈП го активира процесот за враќање на средствата од солидарниот данок