Казни за 123 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Од:

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 123 возачи.

Од нив, соопштија денеска од МВР, 31 возеле без возачка дозвола, 70 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, четири мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ