Казни за 113 возачи на мотоцикли на територијата на цела држава

Од:

Во текот на вчерашниот ден спроведена е зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 113 возачи.

– Од нив, 73 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 38 возачи се исклучени од сообраќај, 26 возеле без возачка дозвола, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли, најавија од МВР, продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ