Казни за 110 возачи кои пречекориле брзина при возење во полошкиот регион

Од:

Тетовската полиција денеска санкционираше 110 возачи кои управувале возила со брзина над дозволената. Засилената акциска контрола беше спроведена од 13 до 19 часот.

-Од нив, 53 возеле со брзина од над 50 километри на час повеќе од дозволената, а 10 со дури над 70 километри на час над дозволеното. 90 санкции се изречени на територија на Тетово, а 20 на територија на Гостивар. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава