Казнети се 18 возачи кои не дале предност на пешаци на територија на СВР Битола

Од:

Изречени се казни за 18 возачи кои не дале предност на пешаци на територија на СВР Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (07.02.2022) во периодот од 08.00 до 12 часот полициски службеници на СВР Битола спровеле акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги почитуваат обврските кон пешаците. При контролата, откриени и санкционирани се 18 возачи кои не им дале првенство, односно предност на пешаците. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците исто така да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава