Синоќа во периодот од 22 од 04 часот спроведена е акциска контрола за санкционирање возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 102 возачи.
Ккао што соопштија денеска од МВР, од нив најмногу се на подрачјата на СВР Скопје и тоа 25, СВР Битола 19 и СВР Куманово 14 возачи.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.