Казнети деветмина непочитувачи на здравствените прописи, повеќето ќе мора да платат по 2.000 евра

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот суд поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 7 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите биле затекнати при непочитување на полицискиот час определен како мерка за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот.

Надлежен јавен обвинител му предложи на Судот за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да ја одреди на износ од 20 евра во денарска противвредност.

Скопското обвинителство денеска поднесе и два обвинителни предлога против две лица, за кривично дело – Фалсификување исправа од член 378 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетите на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, при чекирање за лет употребиле како вистинити лажни сертификати за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, иако знаеле дека не се тестирале во наведените лаборатории и дека не им бил издаден таков сертификат.​

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај