Казнети 95 возачи за брзо возење на автопатот Куманово – Скопје – Велес

Од:

Казнети се 95 возачи кои се движеле со брзина над дозволената на автопатот Куманово – Скопје – Велес.

„Денеска (19.01.2022) Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведе зајакната акциска контрола на автопатот Куманово – Скопје – Велес за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 16 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а четири возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина“, велат од МВР.

Од МВР велат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила.

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски

МВР: За две недели поднесенa e 21 кривична пријава за семејно насилство

Горан Наумовски

Тошковски: Во два дена четворица изведовме пред правдата за насилство врз жени, ги охрабрувам жртвите да пријавуваат

Предраг Петровиќ