Казнети 723 учесници во сообраќајот

Од:

Изминататa недела во Скопје сообраќајната полиција санкционирала 723 учесници во сообраќајот за сторени прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот.

Како што информираат од МВР, кај 38 возачи било утврдено дека управувале возило под дејство на алкохол, 62 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 24 возачи, кај 29 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.

Над дозволената брзина управувале 36 возачи, а  28  управувале возило со над 90 километри на час во населено место. Изречени се и 21 прекршок за некористење на сигурносен појас, 47 прекршоци за зборување на мобилен телефон, потоа 32 прекршоци за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин и 206 прекршоци за неправилно и непрописно паркирање.

Полицијата казнила девет возачи за недавање на првенство на минување на пешаци, двајца за недавање првенство на минување, четворица за непрописно престројување. Изречени се 14 прекршоци што ги сториле пешаци, за непрописно престигнување изречен е еден прекршок, кај осум возила е утврдена техничка неисправност  и со пајак службата подигнати се вкупно 196 возила.

Изминатиот период, од промоцијата на проектот „Предложете сообраќајна контрола”, на веб страницита на Министерството за внатрешни работи пристигнале и вкупно 73 предлози од граѓаните од повеќе градови низ Република Македонија.

– По постапувањето на сообраќајната полиција по предлозите добиени од страна на граѓаните беа констатирани повеќе прекршоци од Законот за безбедност на патниот сообраќај. Притоа беа изречени вкупно 63 мерки, 39 покани и 27 платни налози за констатираните прекршоци, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

„Безбеден град“ детектира 4.910 прекршоци за седум дена

Тошковски: Донација од САД вредна околу еден милион евра за бомбашкиот оддел на МВР

А1он

Ги криеја регистарските таблици – полицијата приведе двајца скопјани, а возилата им се одземени

А1он

Припадничка на МВР киднапираше и претепа колешка, причината засега е непозната

Горан Наумовски

МВР: Запленивме над 40 тони дрога и биомаса

Горан Наумовски