Казнети 59 возачи кои не пропуштиле пешаци на пешачки премин во Скопје

Од:

Казнети се 118 возачи за непропуштање на пешаци на пешачки премин, од кои 59 се во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (02.02.2022) спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачите кои не ги пропуштаат пешаците на пешачки премин односно не ги почитуваат обврските како возачи. Санкционирани се 118 возачи, од кои 59 на територија на Скопје.

При акциската контрола санкционирани се и 137 друг вид на сообраќајни прекршоци. Само на територија на Скопје се изречени и 17 санкции за пешаци кои не поминувале на пешачки премин.

Министерството за внатрешни работи и денеска и во наредните денови ќе продолжи со ваквите акциски контроли.

Апелираме до возачите секогаш да ги пропуштаат пешаците односно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Исто така, апелираме и до пешаците да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава