Казнети 34 возачи за брзо возење на територија на СВР Тетово

Од:

Казнети се 34 возачи за брзо возење на територија на СВР Тетово, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (19.01.2022) во периодот од 08.00 до 20.00 часот на територијата на СВР Тетово спроведена e зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. При тоа 10 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 24 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

За шест часа полицајците напишаа 708 казни за брзо возење

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години