Казнети 33 возачи за пречекорување на брзината во Скопје

Од:

Санкционирани се 33 возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Акциската контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје, вчера од 6 часот до полноќ ја спроведе Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје.

МВР соопшти дека откриени се 57 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и 45 прекршочни платни налози.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај вчера од 19:30 до 1 часот по полноќ спроведе акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават возачите на мотори на подрачјето на Скопје, при што санкционирани се 47 возачи, а откриени се и 42 останати прекршоци.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози