Казнети 218 возачи на мотоцикли

Од:

Санкционирани се 218 возачи на мотоцикли во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија во рамки на спроведената зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

– Од нив, 59 возеле без возачка дозвола, 127 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, седум мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци, соопштија денеска од МВР.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, стои во соопштението и се апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ