Казнети 156 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните правила во Скопје

Од:

Изречени се 156 санкции за прекршоци што ги направиле пешаци на територија на Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (08.02.2022) во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Скопје спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што се санкционирани 156 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи. Од нив 118 поминале надвор од пешачки премин, а 38 поминале на црвено светло.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период. Апелираме до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи“, велат од МВР.

Би можело да ве интересира

По еден ден прекин, попаднево повторно воспоставен железничкиот сообраќај во земјава

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

125 санкционирани возачи во Скопје

Посебен режим на сообраќај во Скопје во сабота поради чествувањето на смртта на Гоце Делчев

А1он

Паднато дрво го попречува сообраќајот на патот Делчево – Пехчево

Пропаѓале врски, бракови, бизниси – Италија ги укинува фотографиите од камерите за брзина во сообраќајот

А1он