СВР-Скопје санкционира 1.200 учесници во сообраќајот во тек на контроли во изминатата недела на подрачјето на Град Скопје.
Според МВР, кај 89 возачи е утврдено дека управувале возила под дејство на алкохол, 85 лица управувале возила со измината важност на сообраќајната дозвола, без возачка дозвола управувале 46 возачи, а кај 50 лица е утврден сообраќаен прекршок за поминување на црвено светло.
Исто така, 140 возачи управувале возила со над дозволената брзина, 130 возачи управувале возило со над 90 км на час во населено место. Изречени се 14 прекршоци за некористење сигурносен појас, 35 за зборување на мобилен телефон, 34 за паркирање во зона на крстосница, автобуска постојка и пешачки премин, 339 за неправилно и непрописно паркирање, за недавање првенство на минување изречени се 16 прекршоци, по соум прекршоци изречени се за недавање првенство на минување на пешаци и за непрописно престројување. За прекршоци што ги чинат пешаците изречени се 20, за непрописно престигнување изречени се 9 прекршоци, кај три возила е утврдена техничка неисправност, а со пајак службата подигнати се вкупно 473 возила.
Покрај во Скопје, акциски контроли се спроведени и на подрачјето на СВР Битола. При контролата за откривање на возачи кои управуваат со возила во сообраќај на пат под дејство на алкохол контролирани се 221 возач, при што 155 возачи се подложени на проверка за присуство на алкохол во организмот и кај 21 возач констатирано е присуство на алкохол, за што се издадени 21 платен налог. Во рамки на оваа контрола констатирани се 11 други прекршоци на возачите, за кои се издадени: девет платни налози, две покани за наплата на глоба, а три возила се исклучени од сообраќај заради констатирана непродолженост на сообраќајната дозвола.
При контролата за непочитување на правилата за првенство на минување контролирани се 133 возила и кај 14 возила констатирано е неотстапување на првенство на минување, за што издадени се 14 платни налози. Констатирани се 36 други прекршоци, за кои се издадени 17 покани за наплата на глоба и 17 платни налози, а двајца возачи се писмено предупредени.
Извршена е и контрола на брзината на движење на 218 возила и констатирани се 68 пречекорувања на брзината. Од нив во населено место имало 47 пречекорувања, а 21 пречекорување надвор од населено место, за што се издадени 51 покана за наплата на глоба, 8 платни налози и 9 предупредени возачи. Констатирани се 15 други прекршоци, за кои се издадени пет покани за наплата на глоба и 10 платни налози.