А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Казнета фирмата „Ројал Травел“ која без лиценца и без дозвола превезувала патници

by А1он15/01/2022 - 18:1215/01/2022 - 18:162315
Share0

Инспекторатот на Град Скопје во текот на денешниот ден изврши вонреден надзор на терен преку контроли на автобусите и комбињата кои вршат превоз на патници, при што е изречена казна за фирмата под назив “Друштво за транспорт трговија и услуги Ројал Травел ДООЕЛ увоз-извоз Скопје” и за фирмата ќе биде поднесена пријава до надлежните институции, информираат од Градот.

Добивај вести на вибер

Додаваат дека бил извршен инспекциски надзор на три автобуси и две комбиња, при што било утврдено дека комбе со назив на фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” вршело превоз на патници од и кон Скопје и екскурзии, без притоа да има лиценца за туристичка агенција и превоз на патници, како и за организирање на екскурзии со туристички водич, од Министерството за економија што е задолжително согласно законот за туристичка дејност, а не поседува ни дозвола од Министерството за транспорт и врски.

„Фирмата “Ројал Травел ДООЕЛ” под која што е регистрирано комбето е основана на 28 декември 2021 година, а според информациите кои беа пласирани во медиумите деновиве, станува збор за лица и возила поврзани со “Беса Транс”, на која фирма и беа одземени лиценцата за вршење на внатрешен слободен и посебен линиски превоз на патници и лиценца за вршење на меѓународен слободен превоз на патници од страна на Министерството за транспорт и врски, откако претходно беа констатирани нерегуларности во работењето, неспроведување на законите и законските обврски коишто таа како фирма е должна да ги почитува“, се вели во информацијата од Град Скопје.

grad skopjekaznatransport

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: Даноците и цената на паркингот ќе останат исти

А1он05/02/2026 - 15:19

Ѓорѓиевски и Град Скопје велат дека снегот не ги изненадил

Катерина Ѓуровски21/01/2026 - 09:3721/01/2026 - 09:49

Делумен прекин на железничкиот сообраќај – бојкот на дел од машинскиот и извршниот персонал

Горан Наумовски02/01/2026 - 10:09

Најдобар пожарникар, полицаец и крводарител: Доделени признанија од Град Скопје

Горан Наумовски29/12/2025 - 14:3229/12/2025 - 14:34

(ВИДЕО) Станкоска: Системските пропусти во јавниот превоз Орце ги решава со кампањи за подигање на свеста на граѓаните

Горан Наумовски25/12/2025 - 13:5425/12/2025 - 14:06

Скопјани му должат на Градот над 36 милиони евра

Катерина Ѓуровски09/12/2025 - 10:56
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен