Казнен налог за угостител од Дебар кој не ги почитувал здравствените прописи​

Од:

Основното јавно обвинителство Дебар до Основниoт суд поднесе предлог за издавање парична казна од 10 до 100 дневни глоби против управител на угоситетлски објект што не ги почитувал здравствениет прописи и послужувал гости и по 22:00 часот.

– Како управител на угостителски објект, на 12.06.2020 година, обвинетиот послужувал гости по истекот на дозволеното време за работа, односно по 22:00 часот. За стореното кривично дело, јавниот обвинител побара од Судот да му изрече на обвинетиот парична казна во висина од 10 до 100 дневни глоби, стои во соопштението од ОЈО.

Лицето го сторило кривичното дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“ од член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Би можело да ве интересира

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Штипјанец низ Дебар возел со 1,81 промили алкохол во крвта