Пет илјади евра казна за управителот на кафе-барот „Интермецо“

Од:

Скопското Обвинителство предложи до судот да изрече глоба од 5.000 евра за управителот на кафе-барот „Интермецо“, кој ја отстранил пломбата по донесеното решение за забрана за работа.

Тој е обвинет за кривично дело симнување и оштетување службен печат или знак.

„Обвинетиот, на 2 ноември, во деловните простории на правен субјект на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов симнал службен знак поставен од страна на овластено службено лице – инспектор за животна средина од Општина Центар. Знакот бил поставен заради осигурување на објектот, а врз основа на донесено решение за забрана за вршење угостителска дејност во рок од 30 дена по утврдувањето со мерења било утврдено дека угостителскиот објект емитувал ниво на бучава над пропишаните гранични вредности“, соопшти Обвинителството.

Обвинетиот го отстранил службениот знак за запечатување на локалот, влегол во објектот и продолжил со вршење на дејноста.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот за обвинетото лице да изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби, при што висината на една дневна глоба да биде определена на 50 евра во денарска противвредност.​​

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Ја украсивме општина Центар, граѓаните имаат потреба од позитивна атмосфера

Орце Костов

Општина Центар со препорака до угостителските и јавните објекти во следните два дена да ја прилагодат музиката

Казни од 13.000 евра за Интермецо и за Мош за прегласна музика

Катерина Ѓуровски

Целосно се забранува градење надвор од Генералниот Урбанистички план на Водно

Општина Центар: Град Скопје да го реши хаосот со сметот

Герасимовски: Зачестените контроли на градилиштата продолжуваат – инвеститорите да градат според одобренијата