Кавгата за пари го откри вистинското лице на Арсовска и Мицкоски

Од:

За помалку од една година, се покажаа вистинските лица на Христијан Мицкоски и Данела Арсовска. Тендер од 136 милиони евра е причината за кавгата и за меѓусебните обвинувања за неработа, за криминал и провизии велат од СДСМ.

– И по толку порази од граѓаните, ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ оваа партија се води од бизнис интересите а не од интересите на граѓаните. Ниту една кавга меѓу Мицкоски и Арсовска нема да го смени фактот што таа беше кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Токму Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ја поддржаа кандидатурата на Арсовска, ѝ ги собраа потребните потписи и заедно ја бараа довербата. Мицкоски дури се нудеше тој во име на Арсовска да ги набавел фамозните 100 електрични автобуси. Можеби кавгата меѓу нив двајца започнала токму од овој неуспешен проект. По мега криминалниот проект Скопје 2014, главниот град се соочува со нова катастрофа наречена Скопје 2024. Но СДСМ заедно со граѓаните тоа нема да го дозволи. Во Советот на Град Скопје продолжуваме да функционираме како опозиција, како гласен коректив на работата на градоначалникот и градската администрација. Продолжуваме да ги застапуваме интересите на граѓаните и да предлагаме решенија и да се бориме за нивните потреби и барања се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Поповиќ: Колку треба да поскапи лебот за Мицкоски да преземе мерки?