Кавга во Судски совет: Георгиева вели дека ќе и го поништат изборот за член, а судијата кој го барал тоа бил пензионер и Бугарин

Од:

Членката на Судски совет, Лорета Георгиева побара да не се одлучува за член на Судски совет од штипскиот регион, бидејќи сакала да биде запознаена како странка. Доколку Судскиот совет изгласа, на Георгиева ќе и биде прекинат мандатот и ќе треба да се бира нов член од тој регион, барање кое го има испратено преку тужба пензионираниот судија Славчо Тасев кој истовремено со Георгиева конкурирал да биде член на Советот.

„Не е во ред и не е доблесно да учествувам во одлучувањето, особено што се работи за мој противкандидат во кој избор јас сум била избрана. Сметам дека комисијата можела да го прибави записникот, да се слушне тонскиот запис, точно знам што се случуваше и што беше дискутирано. Колегата Славчо Тасев е толку внимателен, ми испраќање честитки за 8 март. Ние не бевме единствени противкандидати за избор на Судски совет. Бевме пријавени шест кандидати, а од нив, комисијата утврдувајќи дека колегата не може да се јави, бидејќи е евидентиран како Бугарин“, рече Георгиева.

Според неа, претседателката Весна Дамева уште пред почетокот на седницата кажала дека смета дека постапката треба да се повтори.

„Дали тоа значи дека ако ми се прекине мандатот, ќе имам право да се јавам како кандидат, а претседателката Дамева кажа дека да, имам право, но ќе ми биде одбиена кандидатурата. Сметам дека треба да се прекине и да ми се даде простор“, кажа Георгиева.

Таа смета дека во извештајот на Европската комисија, не бил означен нејзиниот избор, туку на друг член на Судски совет од тој регион, чиј мандат одамна е поминат. За Тасев, кажа дека е роден во Босилеград, Србија, но бил внесен како етнички Бугарин.

„Нека е жив и здрав колегата, пензиониран е, дај боже сите да се пензионираме, не знам кое право освен финансиско може да го има со поништување на одлуката“, посочи Лорета Георгиева.

Дамева и го прекина говорот, посочувајќи дека на седницата имало политички конотации.

„Ако некој се пронаоѓа, тогаш не знам. Јас сметам дека не треба да се одлучува, треба да ми дадете рок како заинтересирано лице писмено да се произнесам по овој предмет“, рече Георгиева.

Заменик претседателот на Судскиот совет, Ханиф Зендели пак и рече дека се однесува за 2012 година, а не за 2018 година, па не знае зошто таа се пронаоѓа во одлуката на Вишиот Управен суд.

Тања Чачарова-Илиевска пак, како членка на судски совет замоли членовите да направат јасна дистинкција помеѓу тоа што е точка на дневен ред, односно известување на комисијата во однос на исполнување на точките за член на Советот, а дали барањето на Славчо Тасев за повторување на изборот од 2018 година е навремено и целосно.

„Да не се впуштаме воопшто во расправа за основаност“, рече Чачарова-Илиевска.

Георгиева пак, кажа дека се постапува по предмет за кој претходно било одлучувано. Вели Тасев, кој и бил противкандидат имал поднесено тужба и до Европскиот суд, но немало исход.

„Вие велите дека ќе го пратите до Врховниот суд, а Врховниот суд и претходно кажал дека не е надлежен да одлучува. Судскиот совет е на уште еден тест за законито и правилно постапување“, рече Герогиева, додавајќи дека Тасев веќе нема статус на судија оти е пензиониран но и дека не може да конкурира зошто е Бугарин, но е и пензиониран судија.

Барањето на Георгиева, според претседателката на Советот, Весна Дамева е влијание. Таа вели дека што некој кажал на колегиум се паушални наводи, зошто одлуките се носат на седници.

„Ве молам да дискутираме без влијание“, рече Дамева.

Би можело да ве интересира

Ефтимов: Оставката на Дамева е политички фолклор

Горан Наумовски

Судскиот совет ја констатираше оставката на претседателката Дамева, изборот на нов претседател пролонгиран

Влада: Оставката на Дамева е единствената исправна одлука

ВРЕДИ: Лани ДУИ ја разреши, денеска плаче за Весна Дамева

ДУИ: Оставката на Весна Дамева ја одразува алармантната состојба на заробената држава и урнисувањето на независноста на институциите

Судскиот совет закажа итна седница во 14 часот по оставката на претседателката Весна Дамева

Катерина Ѓуровски