Кавадаречки социјалци: Kонечно дојде време да се смени оваа ненародна власт

Од:

„Конечно дојде време да се смени оваа ненародна власт“, со оваа порака излегоа денеска кавадаречките социјалци на средбата со кандидатот за градоначалник од „Сојузот за иднината“, Бетиан Китев .

Китев ги изнесе своите планови и начинот на кој општината во иднина ќе помага и ќе им излегува во пресрет.

Во разговорот со кандидатот за градоначалник, соцојалците се пожалија дека се оставени на самите маргини.
Нивното прашање, велат,  станува актуелно само  пред избори.
„Уморни сме од лагите и манипулациите на досегашната влада и локална самоуправа, бараме спас во новото раководство кое конечно ќе ги нормализира и овомозможи одвивање на основните демократски текови и реално функционирање на синдикатите“, порачаа социјалците.
Бетиан Китев им вети дека   нивните проблеми ќе бидат приоритетни и ќе ги реализира барањата на социјалците.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Црни владини кампањи како обид за прикривање на реалноста

(ВИДЕО) Филипче: Владата на Мицкоски ја загрози егзистенцијата на земјоделците

(ВИДЕО) Мицкоски: После следните избори СДСМ ќе биде маргинална политичка партија

(ВИДЕО) Огњеновиќ: Владата да најде решение и УЈП да ги ослободи студентите од данок за „Work and Travel“

СДСМ поднесе иницијатива до Уставен суд за Законот за внатрешни работи

Катерина Ѓуровски

Заматена водата за пиење во Кавадарци и Неготино поради дождовите, потребно е да се преврива