Кавадарци ја одбележа 70-годишнината од смртта на Страшо Пинџур

Од:

Седумдесет години од смртта на народниот херој Страшо Пинџур денеска се одбележува во Кавадарци  и неговото родно село Ваташа. Голем број делегации положија цвеќе пред бистата на Пинџур во дворот на неговата куќа во Ваташа.

Во обраќањето пред присутните, заменик градоначалникот на Кавадарци Слободан Ивановски, рече дека општината издвоила пари за реконструкција на куќата на херојот со кој се гордее. Ученици изведоа културно-уметничка програма. Академија во чест на животот и делото на Пинџур се одржа во салата на домот на културата „Иван Мазов-Климе“, а реферат поднесе Петре Камчевски, директор на кавадаречкиот музеј.

– За неговата активност во организирањето на македонскиот народ за борба против фашистичкиот окупатор, како и за неговото храбро и достоинствено држење во затворот,  Страшо Пинџур е меѓу првите револуционери  прогласени  за народни херои во Македонија на 29 јули 1945 година, рече  Камчевски.

Би можело да ве интересира

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак

Доживотен затвор за братоубиство во Кавадарци

А1он

Исчезнатиот кавадарчанец пронајден починат

Предраг Петровиќ

Кавадарчанец „дувна“ 3,21 промили алкохол откако предизвика сообраќајна несреќа

Кавадарци одбележува осум децении постоење на Градската библиотека „Феткин“, најстарата културна институција во градот

А1он