Кавадарци е прво по нови вработувања и намалување на невработеноста

Од:

Кавадарци е на прво место меѓу градовите во државата по нови бројот на вработувања и  намалување на невработеноста, информира денеска Благојчо  Борисов, раководител на Центарот за вработување од Кавадарци.

Компарирајќи ги бројките од 2006 и 2016 година, тој подвлече дека на крајот на август 2006 година во Кавадарци имало 8.761 невработено лице, а истиот период оваа година, имало 3.733 невработени. Стапката на невработеност во моментов изнесува околу  9.8 отсто.

– Очигледна е големата бројка на вработеност и смалување на невработеноста која ја имавме. Успехот е во активните мерки кои почнаа да се спроведуваат од Агенцијата за вработување на Република Македонија, под покровителство на Владата на Република Македонија. Резултатите се зголемуваат од година во година и од нив можеме да бидеме задоволни сите, нагласи тој.

Борисов се осврна и на активните мерки за вработување кои се актуелни во моментов, потсетувајќи на сите  поволности кои се нудат.

– Има интерес за тековните мерки. Ги охрабруваме сите заинтересирани дека им се нудат можности, бенефити и  помош и самите да си го обезбедат своето вработување. Околу две илјада лица од 2006 година па наваму,  се вработиле на овој начин, додаде раководителот на Центарот за вработување.

Тој информираше и за ефектите од двете фази на проектот „Македонија вработува”.

– Во рамки на „Македонија 1” се вработени 307 лица. Во тек е „Македонија вработува 2”, досега се вработени 44 лица. Мерката трае до 28 јуни 2017 година, рече тој.

Во Центарот за вработување во Кавадарци сега има евидентирано 2.007 невработени лица, од кои 1.020 се пасивни и не бараат работа. Најбарани се профилите кои имаат завршено технички науки. Како пример, Борисов соопшти дека во Кавадарци, Велес и Неготино, нема завршен професор по физика.

Би можело да ве интересира

Ден по смртта на тригодишно дете: Вонреден инспекциски надзор во болницата во Кавадарци

Ќе се прави вонреден инспекциски надзор во врска со смртта на тригодишното детенце од Кавадарци

Горан Наумовски

Родителите на момчето од Кавадарци кое почина на пат кон скопските клиники се сомневаат во можна лекарска грешка

Горан Наумовски

Пешак туркал тротинет, удрил во возило и се повредил

43-годишен маж од Кавадарци ја убил својата вонбрачна партнерка

Мицкоски: Оперативниот план за вработување опфаќа над 16 илјади граѓани, 65 проценти од нив млади до 29 години