И тоа се прави за пари. 23-годишна кавадарчанка лажирала силување.
Таа пријавила во полиција дека била силувана, а потоа го уценувала „силувачот“ за да добие 300 евра и да се откаже од обвинението. На 10 август С.Е. се пожалила во полициската станица во Кавадарци дека А.К., со кого таа се познавала од порано, наводно ја силувал.
Но по сомневањето и била поставена стапица. Фатена е на дело со обележани евра в раце.
Против кавадарчанката, се поднесени две пријави, една за изнуда и една за лажно пријавување кривично дело. Полицијата се сомнева дека девојката имала и помагач за да го реализира планот.